Home Актуелно Пендаровски смета дека шансите за промена на Преспанскиот договор се еднакви на нула

Пендаровски смета дека шансите за промена на Преспанскиот договор се еднакви на нула

Во интервјуто кое го даде за порталот Мкд.мк, прашан за договорите кои Македонија ги склучи и потпиша со соседна Грција и Бугарија, претседателот Стево Пендаровски го даде своето мислење во однос на овие два договори.

„Мојата процена е дека во однос на Договорот од Преспа шансите за промена се еднакви на нула. Не дека не може да се промени, туку затоа што треба промена на Устав, што во принцип е тешко и нема да добиете согласност од претпоставениот албански партнер, не поради содржината на Преспанскиот договор и новото име, туку на тој начин практично ја блокирате земјата кон евроатлантските интеграции. А тоа е ултимативен интерес на секој од нас.

Во однос на Договорот со Бугарија, објективно имаме една неповолна околност со Декларацијата што беше усвоена во бугарскиот парламент и веројатно веднаш по отворањето на преговорите ќе се постави како нивна позиција и во Брисел. Таа декларација, знаете, е со прилично негативна реторика и на неколку места, по мое убедување, директно го поткопува Договорот“, изјави Пендаровски.

Целосното интервју со Пендаровски можете да го прочитате ТУКА.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…