Home Актуелно Пендаровски: Не е време за поделби и апатија, потребно е единство!

Пендаровски: Не е време за поделби и апатија, потребно е единство!

Претседателот, Стево Пендаровски, попладнево и се обрати на нацијата по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел на кој се решава за пристапните преговори со Македонија.

„За жал заклучоците на Советот на ЕУ не се во согласност со нашите оправдани очекувања. Разбирливо е дека во овие моменти постои чувство на разочараност но мораме да се соочиме со последиците“, рече претседателот Стево Пендаровски.

Тој додаде дека незадоволството од недобивањето на датум за почеток на преговорите не треба да се насочува кон одредени членки на Унијата и оти е време за политичко единство.

„Убеден сум дека ако го сакаме доброто на сопствената земја, единствениот исправен пристап, имајќи ги во предвид новите околности е да бидеме уште порешителни во трансформацијата на нашето општество. Ние не треба да бидеме само формално членка во унијата, туку реално да го усвоиме системот на вредности и нивна примена во секојдневниот живот на граѓаните. Реформите во многу области, а особено функционирањето на правната држава, мора да продолжат и да се интензивираат без никакви калкулации. Справувањето со организираниот криминал и високата корупција не се само услов за интеграциите, тие се, многу повеќе, нужност за опстојувањето на еден оддржлив правен поредк. Европските стандарди треба да станат домашни стандарди. Ако нашите луѓе не видат европски стандарди на живеење, само формалното членство во Унијата не му е никому потребно“, рече Пендаровски.

Пендаровски кажа дека за в недела е закажана лидерска средба за која од сите поканети добил потврда за присуство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…