Home Актуелно Пеколен викенд во Чикаго – за 14 часа ранети 44 и убиени 5 лица

Пеколен викенд во Чикаго – за 14 часа ранети 44 и убиени 5 лица

Во период од само 14 часа, што значи помалку од едноноќие, на 5 август, недела, во Чикаго беа ранети 44 лица, а пет лица беа убиени, пренесува CNN.

Највозрасната личност која беше ранета има 62 години, а најмладата има само 11 години. За само за три часа, од 1:30 до 4:30 часот, имало дури 30 застрелани и двајца загинати во 10 инциденти.

„Градот Чикаго доживеа насилна ноќ“- изјави шефот на одделот за патрола, Фред Волер.

Тој вели дека некои од овие случаи се намерни и поврзани со конфликти со бандите во овие реони.

Волер вели дека престрелките се намалиле за 30 отсто од 2017 година, додека убиствата се намалени за 25 отсто.

Во период од целиот изминат викенд, во Чикаго вкупниот црн биланс беше 66 ранети и 12 убиени лица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…