Павле Воскопулос: Само наивен не разбира дека со придавката „Нова“ се сменува идентитетот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По повод последните активности на медијаторот Нимиц, како и предлозите што се вртат, свој став на Фејсбук објави македонскиот борец за човекови права во Грција, Павле Воскопулос Филипов. Во продолжение го објавуваме во целост:

Новитет за темата…
Грчкото МНР сношти го „кара“ Нимиц официјално преку соопштение, му викаат да не ги интерпретира ставовите на Грчкото МНР, во суштина се фокусира на изјавата на Нимиц во Скопје дека преку предлозите не се оспорува националниот идентитет. Ова изјава не им се „бендисува“ на Грчкото МНР, инаку навистина Нимиц ми се чини или не сака или не може да разбери. Конкретно…

1. Кога при грчките предлози стои барањето за “NEW” како префикс треба ептен „наивен“ да не разбира дека токму таргетира на Македонскиот национален идентитет. Таму фокусира Грчкото МНР.

2. Кога Грчките предлози фокусираат на „географски“ префикси, нели е тотално контрадикторно на постојаното „плампање“ на Грчкото МНР окулу иредентизам? Конкретно ова што сака Грчкото МНР за „Северна“…„Горна“ и сл. е тамам да се караат народите и државите до памтивека дали „Јужната“ или „Долната“ мора или не да се соединува со “Северната” или ‘Горната” и сл.

3. Странец „наивен“ не гледа проблем при идентитетот на нацијата преку „географски решенија“. Интерпретира на пр. дека Северно-Виетнамец сепак е Виетнамец и сл. Таму свесен Македонец ке инсистира на странецот дека „географски” решенија е најлошото за мир и спокојство во иднината на регионот а не околу нијанси на идентитетот…

Драг Нимиц ти како „стројник“ ги носиш желбите на едните и на другите ама нели мора како Медијатор на ОН да бидеш конечно конструктивен и соодветно да укажуваш на ирелеватност и контрадикторност на едната или другата страна?

Простете ама ние Македонците токму ги почитуваме принципите и вредностите на ОН на дело и замолуваме да се конечно прилагодите на универзалните принципи и вредности на човештвото и Обединетите Нации. Поздрав од Лерин“, пишува Павле Воскопулос.