Home Спорт Партизан го доведува Горан Пандев?

Партизан го доведува Горан Пандев?

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев, би можел да направи трансфер во редовите на српскиот шампион, Партизан.

Партизан успеа да се избори за пласман во групната фаза од Лигата на Европа, токму поради до крајот на преодниот рок ќе се обиде да доведе неколку сериозни фудбалери, а еден од нив би можел да биде и нашиот Горан Пандев.

Пандев во Партизан би можел да пристигне и како замена за Урош Ѓургѓевиќ кој го напушти српскиот клуб, а како главен иницијатор за доведување на Пандев се наведува спортскиот директор, Ивица Илиев.

Како главен проблем во реализацијата на овој трансфер се наведува големата плата на македонскиот фудбалер кој ја добива во италијанска Џенова.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…