Парламентот на Грција денес гласа за Протоколот за прием на Македонија во НАТО

Парламентот на соседна Грција денеска на дневен ред го има ратификувањето на пристапниот протокол на НАТО со Македонија по што земјата во рок од седум дена и официјално треба да го смени името во Северна Македонија.

Нацрт законот за ратификација на протоколот вчера доби зелено светло од Одборот за одбрана и надворешни работи на грчкиот парламент, а денеска за него ќе се изјаснат пратениците на пленарна седница.

Гласањето се очекува да виде во вечерните часови. Според очекувањата на дипломатите, Македонија би можела да стане полноправна членка на самитот на НАТО кој ќе биде одржан во декември во Лондон.