Home Актуелно Параглајдерист тешко повреден при пад на Галичица

Параглајдерист тешко повреден при пад на Галичица

Од страна на вработените лица во Национален парк „Галичица“ до СВР Охрид, вчера во 14:50 часот, стигнала пријава дека на планината Галичица, кај месноста „Баба“, паднало лице со параглајдер.

Екипа на униформирани полициски службеници од СВР Охрид, веднаш е упатена на посоченото место и известена е планинарската служба за спасување како и Итната медицинска помош.

На местото бикано „Баба“, во контактибилна состојба е затекнато лицето О.В. ( 37) од Киев- Украина, кој претходно летал со параглајдер по што, од засега неутврдени причини, изгубил висина и паднал.

Тој, е пренесен во болницата Св.Еразмо каде се констатирани тешки телесни повреди по што е задржан на понатамошно лекување. По овласување на Јавен обвинител, Зоран увид на местото на настанот извршија екипи на СВР Охрид.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…