
Рецептот на Марија Вељковиќ за палачинки е сон на секоја домаќинка
Фотографија: Милош Надаждин
Рецептот на Марија Вељковиќ за палачинки ја олеснува подготовката на омилениот десерт на најмалите.
Водителката одлучи да проба начин на подготовка што веќе долго време е вирален на социјалните мрежи, малку го модифицираше и го сподели со своите следбеници.
Состојки
- 3 јајца
- 9 лажици брашно
- 1 ванилин шеќер
- 1 лажица шеќер
- 300 мл млеко
- прстофат сол
Подготовка
- Јајцата убаво се матат. Брашното, шеќерот и ванилиниот шеќер се мешаат, па се додаваат кон изматените јајца.
- Се меша со жица додека смесата не се соедини, потоа постепено се додава млекото и солта.
- Се меша додека не се добие смеса со густина слична на обични палачинки.
- Плехот се намастува со малку масло, а потоа смесата се распоредува рамномерно.
- Се пече 20 минути во рерна загреана на 200 степени.
- По печењето, се остава да се излади, потоа се сече на парчиња и се премачкува или витка по желба.