
Внуците на Мирослав Илиќ се неговото најголемо богатство. Марија, ќерката на фолк-легендата, има два сина, Предраг и Страхиња, кои му даваат најголема поддршка во животот и кариерата, па често сака да каже дека токму тие го подмладиле.
– Охрабруваат ме. Ми велат: „Дедо, не давај се!“ Тие се моите херои. Немаше пари со кои некој можеше да ме одвои од дома за Божиќ и за крсната слава. Тогаш никогаш не работев.
Тоа е резервирано за домот. Сопругата, инаку, е ќерка на свештеник и кај нас тоа е традиција. Нејзиниот дедо бил свештеник, а и нејзиниот покоен брат исто така беше свештеник.
Таа е задолжена за сè – рекол пејачот еднаш за Курир.
Марија одамна стапи во брак со политичарот Драган Шутановац. Ретко се појавува во јавноста, главно кога нејзиниот татко има концерт, а тогаш со семејството го бодри од публиката.
Од друга страна, малкумина знаат како изгледа Илиќ јуниор, бидејќи во своите 47 години никогаш официјално не се огласил.
Долгогодишната кариера на Мирослав Илиќ беше засенета од скандалот поради неговото непризнавање на вонбрачниот син Девин, кого, како што е утврдено, го добил од љубов со Мирјана Антоновиќ, што е тема на која се пишува веќе подолго време.
Бидејќи пејачот сè негираше, со години се водеше борба околу тоа дали тој навистина е татко на Девин, а работите отидоа толку далеку што завршија и на суд. И Девин неодамна доби ќерка, но пејачот немаше можност да ја види.