
Таткото на Јелена Томашевиќ направил нешто пред смртта
Скоро две години поминаа од кога таткото на Јелена Томашевиќ почина, а пејачката не крие дека тоа за неа беше најголемиот удар и најголемата болка, со која и денес учи да живее.
За време на гостувањето во емисијата „Балканском улицом“, Јелена проговори за гестот на својот татко, кој ја разнежни емотивно.
– Тато почина и тоа за мене, за мајка ми, за брат ми, за внуките и за снаата ми беше најголемата загуба. Особено затоа што тие живееја заедно. Тоа е нешто со кое учиш да живееш, и мислам дека до крајот на животот ќе го учам тоа – раскажа Јелена.
– Кога имав една ситуација, се сеќавам дека плачев. Ги повикав на телефон и тој само нешто кратко прокоментира. Мајка ми, се разбира, подолго зборуваше со мене, детално – додаде пејачката.
– И еден ден ми стигнува писмо на домашна адреса. Јас го отворам – тато. Ми пишал писмо: „Во доброто не се возгордеј, во злото не се предавај“. Ми напиша сè што ме чека – раскажа низ солзи Јелена.