Заради трагедијата која ги снајде Тетово и Македонија со пожарот на модуларната болница во кој загинаа 14 лица, поради што беше прогласена тридневна жалост во државата, политичките партии до недела ги одложија јавните активности поврзани со локалните избори 2021 закажани за 17 октомври Сепак, партиите и независните кандидати кои сакаат да учествуваат на изборите мораат да ги запазат роковите предвидени …
Слично како и претходните денови, ниту вчера немаше некои промени во епидемиолошката состојба со Ковид-19 во Македонија. Бројот на починати останува околу 30 дневно, но има мал пад на бројот на новозаразени. Вчера беа регистрирани 256 случаи на ковид-19 од 2.778 тестирања или околу девет проценти, што е за еден процент помалку од изминатите денови. Меѓу 31 починат за претходното …
Денешниот септемвриски петок во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 30 Целзиусови степени. Во Скопје и околината ќе биде сончево со …
На денешната прес-конференција за трагедијата во Тетово со изгорената модуларна болница во која починаа 14 лица, министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека загинатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Во однос на тоа дали ќе поднесе оставка поради вчерашната несреќа, Филипе рече дека одлуката ќе донесе откако ќе заврши истрагата. „Дозволете да кажам дека од одговорност …
На денешната владина седница од Владата беше донесена одлука за прогласување на тридневна жалост на територија на целата држава поради пожарот во модуларната тетовска болница, се вели во соопштението. За денови на жалост се прогласени денеска, утре и задутре( петок и сабота) и за време на деновите на жалост државното знаме ќе се вее на половина копје. Од Владата апелираат …
Оној дел од работите кои беа наша одговорност при изградбата на монтажните Ковид-центри се реализирани согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет, вели компанијата „Брако“ која е испорачувач на модуларни префабрикувани контејнери, пренесува Сакам Да Кажам. „Пред техничкиот прием, сите позиции на работа кои беа наша обврска се тестирани и проверени, за што впрочем е доказ уредниот технички прием …
Владата на денешната итна и вонредна седница прогласи тридневна жалост за несреќата во ковид-центарот во Тетово, а ја прифати и понудата од сојузничките земји во истрагата за пожарот да се вклучат странски експерти за истраги при експлозии и пожари, соопштија од владината прес-служба. Денови на жалост ќе траат од денеска до задутре (четврток, петок и сабота), што значи дека онаму …
Секси девојки во акција со јадиците.
Попишувачките тимови денес, четврток, 9. септември, повторно не излегоа на терен за да продолжат со процесот на попишување на населението и домовите, пренесува Плус Инфо. Првиот човек на Државниот завод за статистика, директорот Апостол Симовски, на прашање од Плус Инфо за застојот, кратко одговорил: „Не можам ништо да ви кажам. Ве молам да не ме прашувате ништо во врска со …
Совети и трикови од нашите омилени Французинки за несекојдневен шик летен изглед. Француската летна …