Дипломатскиот конфликт меѓу Белград и Скопје како да стивнува. Денешното смирување на тонот, по неколкудневните остри изјави пред се од Србија, доаѓа по телефонскиот разговор меѓу Зоран Заев и Александар Вучиќ. Македонскиот премиер и српскиот претседател зборувале долго и, како што се наведува во заедничкото соопштение, отворено за ситуацијата која кулминираше со повлекувањето на персоналот од српската амбасада во Скопје. …