Циркуз во AGT: Кауел го исмеваше бракот од Мел Б, таа му го направи ова…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бившата „спајсица“ Мелани Б не ја поднесе добро шегата која на нејзина сметка ја направи Сајмон Кауел за време на снимањето на шоуто за таленти America’s Got Talent. Или барем така изгледаше (најверојатно) исценираната сцена.

Имено, после настапот на еден кандидат, Кауел го притисна црвеното копче и така означи дека изведбата не му се допадна, додавајќи: „Ми се чини дека ова беша нешто слично како венчалната ноќ од Мел Б. Многу очекувања, но без многу конечни резултати“, на што Мелани го потури со вода и потоа го напушти студиото.

Водителката Тајра Бенкс заклучи: „Тоа ви е кога преносот е во живо“.

Инаку, Мел Б е среде развод од сопругот Стивен Белафонте, а секојдневно во јавноста излегуваат сè повалкани детали од нивниот брак, вклучително и нејзината врска со дадилката со која таа и нејзиниот сопруг наводно имале секс во тројка.