Собрани се потребните пари за итната операција на малата Валерија Зафировска од Штип, соопшти денеска нејзината мајка Марина Зафировска. Валерија има тумор на мозокот кој прогесивно расте, а операцијата треба да се изврши во Истанбул, Турција, од еден од десетте најпознати неврохирурзи во Европа. Операцијата чини околу 40.000 евра. – Средствата се собрани и затоа сакам јавно да упатам благодарност …