21-годишниот Д.Л. од Македонија синоќа бил ранет во улична престрелка во Белград и се наоѓа во Ургентниот центар на хируршки третман, пренесува МКД.мк повикувајќи се на информации од македонското Министерство за надворешни работи. Српските медиуми претпоставуваат дека македонскиот државјанин бил случајно ранет. Очекуваме нови информации од Амбасадата и надлежните органи на Србија, за што дополнително ќе известиме, велат од МНР. …