Серија земјотреси беа регистрирани во дојранското подрачје. Серијата започнала од сношти, а траела и утрово. Пет од нив беа почувствувани од населението во југоисточниот дел на Република Македонија, од кои најсилниот утринава во 5 часот и 25 минути со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Овој земјотрес освен во Дојран, беше почувствуван и во Гевгелија, Валандово, Струмица, Кавадарци, Радовиш …