Португалија синоќа го победи Алжир со 3:0 во последната контролна пред почетокот на Светското првенство. После мечот синот на Роналдо, слезе на теренот и покажа дека го наследил генот на неговиот татко. Роналдо Jуниор покажа завидна техника и чувство за постигнување голови, па му го украде шоуто на својот татко.