Пилотите на најголемиот европски авионскиот превозник Ryanair денес го започнаа најголемиот штрајк во историјата на компанијата. За таа цел околу 400 летови се откажани, а штрајкот првично е најавен дека ќе трае 24 часа. Во него се вклучени пилоти од Белгија, Шведска, Холандија, Ирска и Германија. Со оваа одлука најпогодени се 55 илјади патници, најмногу од Германија, односно 42 илјади. …