На состанокот кој денес изутрина го одржаа со Комисијата за заразни болести, претставниците на угостителите доставија предлог протоколи според кои би организирале свадби, прослави и концерти. Забрана за играње на подиум, растојание меѓу масите и столчињата и статична музика. Угостителите утринава на состанокот со Комисијата за заразни болести повторно побараа да им се дозволи организирање на свадбени и други прослави …