В.Д. претседателот на Исламската верска заедница позитивен на КОВИД-19


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шаќир Фетаху, вршителот на должноста претседател на Исламската верска заедница во Македонија, e позитивeн на коронавирусот.

Информацијата ја објави самиот тој преку социјалните мрежи. Фетаху напиша дека се чувствува добро и оти се придржува кон сите препораки на лекарите.

– Водејќи сметка за моето семејство, моите соработници, како и за сите вернинци и граѓани, одлучив да направам тест за Ковид-19, кој е позитивен. Моментално се е нормално, без некој проблематичен симптом. Јас ги почитувам препораките на лекарите и сум на домашно лекување. Ова го гледам како од Големиот Господ. Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и да се придржуваат до препораките на надлежните институции, пишува Фетаи, на својот фесјбук профил.