Home Вебкафе Падна крв во теренот во Атина: Ивиќ погоден со полна лименка во главата (видео)

Падна крв во теренот во Атина: Ивиќ погоден со полна лименка во главата (видео)

Ништо ново кога се во прашање фудбалските натпревари во Грција. Повторно видени големи немири и нереди и повторно повредени. Овој пат копјата се скршија врз српскиот фудбалски стратег на клупата од ПАОК, Владимир Ивиќ.

За време на дуелот од плеј-оф фазата помеѓу Панатинаикос и ПАОК, навивачите на домашниот тим со полна лименка пиво го погодија во глава Владо Ивиќ. Некогашниот првотимец на Партизан падна на земја, а натпреварот беше прекинат во 54-та минута при резултат од 1:0 за домаќините.

Според последните информации, Ивиќ е хоспитализиран во една од атинските клиники со расеченица на главата.

Инаку, Панатинаикос и ПАОК, заедно со АЕК и Паниониос играат во плеј-оф фазата од која првопласираниот тим ќе избори пласман во квалификациите за Лигата на шампионите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трејлерот за третата сезона на „Еуфорија“ конечно е објавен – еве што сè се знае досега

Росалија ќе се појави во гостувачка улога, а култната ХБО драма се враќа поцрна, позрела и…