Home Актуелно Падна договор меѓу СОНК и МОН: Од 1 јануари 2020 10% покачување на платите за наставниците

Падна договор меѓу СОНК и МОН: Од 1 јануари 2020 10% покачување на платите за наставниците

СОНК и Министерството за образование денс постигнаа договор во врска со покачувањето на платите на наставниците од 10 проценти, од 1 јануари 2020 година.

Од МОН велат ова е историски договор.

– Се враќа дигнитетот на наставничката професија. Горди сме што интензивно преговаравме со СОНК за наставниците да имаат достоинствени плати, истакна министерот Арбер Адеми по средбата со претставниците на СОНК.

Од Синдикатот посочија дека преговорите тука не застануваат. Во следниот период ќе се разговара за воведување на К15, исплата на прекувремени часови и почитување на колективните договори.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…