Home Спорт ПАДНА ДОГОВОР: Кутињо е СУПЕРЅВЕЗДАТА која го менува Нејмар!

ПАДНА ДОГОВОР: Кутињо е СУПЕРЅВЕЗДАТА која го менува Нејмар!

После долгите преговори со Ливерпул, Барселона успеа да го договори трансферот на Фелипе Кутињо, Бразилецот се очекува во текот на утрешниот ден да пристигне на „Камп Ноу“.

Популарната телевизија „Беин Спорт“ пренесува дека фантастичниот фудбалер би требало утре да пристигне на лекарски прегледи, а веќе во текот на вечерта и да излезе на теренот пред фановите.

Кога во прашање е оштетата, Барселона ќе плати огромни 120 милиони евра, 100 ќе бидат исплатени веднаш, додека дополнителните 20 ќе бидат исплатени во вид на бонуси.

Бразилецот со ова повторно ќе има прилика да заигра со Луис Суарез со кого настауваше во времето кога Уругваецот го носеше дресот на Ливерпул, но овој пат друштво во нападот ќе им прави и Лионел Меси, па се очекува да формираат пеколно трио кое ќе биде „кошмар“ за секоја одбрана во Европа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…