Озил го одбра следниот клуб – „топџиите“ полудеа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот весник „Билд“ открива дека Месут Озил на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Арсенал, а англиските медиуми тврдат дека би можел да премине во Манчестер Јунајтед.

Озил долго време беше во преговори со Арсенал за потпишување нов договор, но тие завршија со неуспех и веќе неколку месеци се стопирани. Германскиот репрезентативец веќе донел одлука да го напушти „Емирати“ и тоа ќе го направи на крајот на сезоната како слободен играч.

За неговиот потпис интерес покажуваат бројни клубови ширум Европа, но медиумите на Островот тврдат дека Озил веќе го избрал следниот клуб.

Наводно Германецот кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, каде повторно ќе соработува со Жозе Мурињо.

„Специјалниот“ имал средба со плејмејкерот и го убедил да се пресели на „Олд Трафорд“, па останува да видиме дали тоа ќе се случи во јануари или на крајот на сезоната.