Home Спорт Оваа вечер ќе биде специјална за Кристиано Роналдо

Оваа вечер ќе биде специјална за Кристиано Роналдо

Еден од најзначајните фудбалери на нашето време – Кристиано Роналдо вечерва против Борусија Дортмунд ќе го запише 400-от настап за Реал Мадрид во сите натпреварувања.

Од 29-ти август 2009 година до сега, во тие 399 натпревари, најдобриот фудбалер на светот постигна неверојатни 409 гола, што во просек значи 1.02 по натпревар.

Меѓутоа во клупската историја Роналдо е далеку од легендарниот Раул и неговите 741 натпревар, што изгледа апсолутно недостижно.

Португалецот вечер ќе излезе на „Сингл Идуна Парк“ за да ја надмине мини-кризата, бидејќи на претходните два меча не успеа да постигне гол, и покрај фактот што упати 18 удари кон противничкиот гол.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…