Home Вебкафе Оваа дупка на Антарктикот сериозно ги загрижи научниците (видео)

Оваа дупка на Антарктикот сериозно ги загрижи научниците (видео)

Огромната пукнатина која беше откриена на Антарктикот, со зафатнина речиси колку њујоршки Менхетен, предизвика сериозна загриженост кај научниците.

Пукнатината во глечерот се шири со голема брзина. Длабока е речиси 300 метри и се наоѓа на западниот дел од Антарктикот, соопштено е од лабораторијата на НАСА.

Вкупната големина на овој глечер, според проценката на научниците е со големина на Флорида.

Но, неговата површина , како резултат на климатските промени се намалува, а појавата на внатрешни пукнатини со толкави размери е дополнителен доказ за топење на мразот на Јужниот Пол.

Доколку се стопи овој глечер може да предизвика зголемување на нивото на океаните за 65 сантиметри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…