Живот

Ова се неколку расправии поради кои и се ЗАКАНУВА крај на вашата врска?!

Расправиите околку некои прашања терапевтите за врска ги истакнуваат како најлоши расправии кои се повторуваат кај големиот број парови кои имаат проблеми во врската.

Сите парови се расправаат, а расправиите понекогаш им помагаат да се решат проблемите. Сепак, понекогаш доаѓа до расправии кои мораат да се решат за да не се повторуваат.

Станува збор за прашања кои можат да и дадат насока на врската.

Расправии околу парите

Финансиите се на првото место работи поради кои паровите се расправаат. Вие, на пример, штедите пари, додека вашиот партнер неконтролирано троши и обратно. Ова прашање можете да го решите со разговор, договор и менување на навики околу трошењето пари. Сепак ако секоја личност во врската продолжи со своите навики, оваа расправија постојано ќе се повторува.

Расправија околу семејството

Нормално е понекогаш да ги критикуваме членовите на своето семејство, но ако вашиот партнер зборува безобразни работи за вашите блиски, тоа може да биде проблем. Вашиот партнер не смее да го омаловажува вашето семејство, како ниту вие неговото, за еден на друг да не си ги повредите чувствата.

Расправија околу куќните работи

Иако се чини неважно, ова е проблем кој може да доведе до поголеми проблеми во врската, особено ако само една личност ги прави сите куќни обврски.

Расправија околу сексот

Ако нешто за време на сексот не ви одговара или мислите дека вашиот партнер има проблем со сексуалниот нагон, тоа се работи кои треба внимателно да му ги соопштите. Во спротивно се би можело да ескалира и да доведе до големи расправии кои вашиот партнер ќе го повредат и ќе остават неповратен траг во вашата врска.

Расправија околу личните карактеристики

Зборовите кои некој ќе ви ги каже во расправија најчесто нема да ги заборавите, особено ако ви ги кажала личноста која ја сакате. Поради тоа внимавајте и избегнувајте коментари за изгледот на партнерот и слични работи за време на расправиите. Веројатно ќе кажете нешто што не мислите, но тоа на вашиот партнер нема да му изгледа така, и со тоа силно ќе го повредите.

To Top