Home Актуелно „Отворени финансии“ – интернет алатка за следење на буџетските трошоци

„Отворени финансии“ – интернет алатка за следење на буџетските трошоци

Македонскиот државен трезор на Министерството за финансии прв пат се става на отворен увид на граѓаните кои преку веб алатката „Отворени финансии“ ќе имаат пристап и увид во минатите, сегашните и сите идни финансиски трансакции на буџетските корисници од буџетот, пренесува Мета.

„Електронскиот систем на трезорот го поврзавме со веб-платформата која ја нарековме Отворени финансии во која може да се најдат финансиските трансакции од буџетските средства на државните институции од 2010 година па наваму и истите ќе се обновуваат и прикажуваат на секои 15 дена. Пред очите на јавноста ставаме финансиски податоци за над 12,5 милиони трансакции. Од денеска па натаму секогаш кога некое министерство, агенција или државна уплата на пари, трансакции во рекордно време ќе биде јавно достапна на увид. Отворањето на трезорот и сите податоци во него, е една од најголемите мерки во насока на намалување на корупцијата и неправилностите во работењето на државните институции како и штедењето на парите на граѓаните“, изјави премиерот Зоран Заев.

Премиерот додаде дека преку оваа платформа може да се следи дали институциите префрлаат пари на едни исти економски оператори и физички лица.На тој начин ќе биде коректив на работење на институциите и барикада за корупција и незаконитост.

„Во правата фаза е предвидено да се објавуваат трансакциите на буџетските институции на централниот буџет министерствата, агенциите, управите, социјалните фондови. Во втората фаза се надевам ќе се објавуваат и трансакциите на единиците на локалната самоуправа и нивните буџетски институции, кои треба да дадат согласност преку Советот на секоја општина“, додаде Заев.

Според министерката за финансии Нина Ангеловска, платформата ќе поттикнува поправедено и поодговорно трошење на буџетските средства, поради стравот од фаќање на нелегална активност.

„Следењето на трошењето им ги врзува рацете за исплата на министер или директор на државните пари во која било форма. Платформата е реформа на јавните финансии во чија што основа е транспарентноста. Зад платформата стои употреба на нови дигитални технологии“, рече Ангеловска и во иднина најави проект за транспарентност на јавниот долг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…