Home Актуелно Откупени 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 241,3 денари

Откупени 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 241,3 денари

Како што информираат од ресорното министерство на тутунопроизводителите досега им се исплатени над 5 милијарди денари, а рок за завршување на откупот е 15-ти март.

Во годинешната реколта се засеани 14.802 хектари со тутун, а склучени се 34.104 договори со 9 откупни претпријатија.
Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пријавија 23.430 издадени евидентни листови.

Споредено со реколтата 2017, за новото производство на тутун се издадени 57 евидентни листови повеќе од лани, а се склучени над 4.700 повеќе догвори.
Анализите велат дека годинава има и зголемување на засадените површини со тутун, и тоа за 387 хектари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…