Home Спорт Откриено: Меси летово одбил АСТРОНОМСКА понуда од Сити

Откриено: Меси летово одбил АСТРОНОМСКА понуда од Сити

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси ова лето одбил астрономска понуда од Манчестер Сити, открива еминентниот весник „Марка“.

Според мадридскиот весник, Манчестер Сити му понудил на Меси бонус од 100 милиони евра само за потпис на договорот и годишна плата од 50 милиони евра.

Сопственикот на Манчестер Сити, Мансур бин Зајед сакал по секоја цена да го донесе на „Етихад“ петкратниот освојувач на „Златната топка“ и понудата ја испратил директно до претседателот на Барселона, Жосеб Марија Бартомеу.

Понудата била толку финансиски богата што на „Камп Ноу“ морало да одговорат во сличен манир, па поради тоа се одолговлекуваше новиот договор на Меси, тврди „Марка“.

Аргентинецот неодамна потпиша нов договор со Барселона, до јуни 2021 година, според кој годишно ќе заработува 43 милиони евра, со што стана најплатениот светски фудбалер.

Токму понудата на Манчестер Сити ги натерала челниците на Барселона да понудат толку голема плата за да го задржат Меси во своите редови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…