Откриено езеро на дното од океанот! (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во мексиканскиот залив, недалеку од обалата Њу Орлеанс, километар длабоко под површината на морето се наоѓа езеро. Таинственото езеро наречено е „џакузи на очајот“ бидејќи убива скоро секое живо битие кое има несреќа да влезе во него.

Водата во ова езеро пет пати е посолена од морската вода, а содржи и висока концентрација на метан и сулфид поради што не се меша со морската вода која го опкружува.

Таквата концентрација на елементи е смртоносна за луѓето и животните, а во такви услови може да преживеат само бактериите, шкампите и црвите.

„Ова е една од најневеројатните работи кои сме ги пронашле во морските длабочини. На дното од окенот гледате езеро и река која течат. Ќе добиете чувство дека сте на друг свет“ вели Ерик Кордес, професорот кој го откри езерото.

Длабочината на езерото е околу 3,5 метри, а подводниот гребен е опкружен со ракови кои залутале во потрага за храна.