Home Актуелно Откриени имињата на тројцата притворени за нападот на Села во Собранието

Откриени имињата на тројцата притворени за нападот на Села во Собранието

Осомничени за обид за убиство, тројцата напаѓачи на Зијадин Села за кои МВР побара помош од граѓаните при идентификација добија притвор.

Скопското обвинителство одлучи да им додели 30 дена притвор на Оливер Ошавковски, Сашо Сенков и Александар Јаневски Тошта.

Овие лица МВР ги идентификуваше од снимките од Собрание на крвавиот четрвток, но побара од граѓаните помош при нивно препознавање.

За половина ден граѓаните од одзваа и на тројцата насилници идентитетот им беше препознат.

Засега одлука за притвор се чека и за уште едно лице кое е со нарушена здравствена состојба.

Пратеникот Зијадин Села беше меѓу пратениците „кои го извлекоа подебелиот крај“ односно беше најповреден кога маса народ кој протестираше на 27 април упадна во Собрание и нападна пратеници.

Во тој момент се прогласуваше собраниски претседател, а ситуацијата ескалираше при што пратеници сурово беа гаѓани со се што ќе им дојдеше при рака на насилниците па дури и со медиумска опрема односно стативи. И премиерот Заев тој ден заврши со раскрвавено чело.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…