Home Актуелно Отежнат сообраќај на правецот Катланово-Велес поради одрон на патот

Отежнат сообраќај на правецот Катланово-Велес поради одрон на патот

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на патниот правец Катланово – Велес кај манастирите, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од пет метри.

Екипите на „Македонија пат“ работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. Забрани за тешки товарни возила има патниот правец Маврово – Дебар, како и на планинските премини Стража и Пресека.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Гостивар, Маврово, Дебар, Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинскиот превој Пресека и Струга. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…