Остра реторика меѓу Лавров и британската новинарка од Channel 4: „Крвта на полина е на вашите раце“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинарка од британската телевизија Channel 4 на прес-конференција која ја одржа рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров на којашто се вклучуваа и странски новинари го праша дали Русија подготвува одбрана за евентуално судење за воени злосторства пред Меѓународниот суд на правдата, пренесува Фокус.

-Имате публика и нормално дека сакате да ги подигнете тензиите. Тоа што го правите не е работа на медиумите, тоа е инструмент за ставање на идеи во главите на вашите гледачи. Не оправдувам било какви акции кои довеле до смрт на цивили, но ние не го измисливме изразот „колатерална штета“. Тоа го измислија нашите западни партнери во авантурите во Ирак, Либија итн. Дали со исти емоции ги следевте ситуациите во Ирак и Либија каде починаа стотици и илјадници цивили? Не можете да се сетите на тоа?, ја праша Лавров новинарката.

Таа му одговори: -Да, и тогаш следев, но сега вие ја почнавте војната и крвта на Полина е на вашите раце, рече новинарката алудирајќи на девојчето кое пред неколку дена беше убиено во руските напади.

-Ова е како телевизиско шоу. Ако сакате да го слушнете мојот став, детално го објаснив, вклучувајќи го и хуманитарниот аспект на операцијата. Секако дека разбирам дека ќе известувате на начин на кој сакате да известувате, но сакам да ве потсетам дека и новинарите имаат совест. Сетете се како се однесувавте кога киевскиот режим убиваше девојчиња и жени во Донбас во изминатите неколку години, рекол рускиот шеф на дипломатијата.