Оставката на премиерот Заев, според Уставот, значи оставка и на цела Влада


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Оставката од премиерската функција која Зоран Заев ја најави по поразот на локалните избори значи и оставка на цела Влада, предвидува Уставот во член 93. Сепак, како што е предвидено, Владата останува на должност до избор на нова Влада.

-Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата и престанува мандатот кога Собранието се распушта. Владата на која и е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада, се вели во член 93 од Уставот.

Според собранискиот деловник пак Заев треба да ја поднесе оставката до претседателот на Собранието, Талат Џафери, а тој оставката ја доставува до пратениците и претседателот на државата.

Член 219

(1) Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка.
(2) Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи.
(3) Оставката на член на Владата до претседателот на Собранието се поднесува преку претседателот на Владата.
(4) Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката.
(5) Оставката на член на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците.

Член 220

Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата, предвидува собранискиот деловник во делот Оставка на Владата.

Сепак наредните денови ќе се знае точната процедура и ќе се расчистат правните дилеми за тоа што повлекува со себе оставката што ја даде Заев од премиерската функција.