Максим Димитриевски останува градоначалник на Куманово


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Независниот кандидат за втор мандат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, кој првиот го освои како кандидат од СДСМ, ја славеше победата со приврзаниците на кумановскиот градски плоштад. Тој се заблагодари на кумановци кои гласаа, за секој глас кој го доби и рече дека тоа е обврска уште понапорно да работи.

Старо-новиот градоначалник на Куманово, Максим Димитриески, во првата изјава по прогласување на победата на локалните избори рече дека имале еден лап топ, еден фотоапарат, но и голема граѓанска поддршка. Тој победата ја нарече голема борба за Куманово, но и за Македонија. Неговиот противкандидат од коалицијата предводена од СДСМ, Оливер Илиевски, го оцени изборниот процес за фер и демократски и му ја честиташе победата.

„Ние сакаме заедно од граѓаните и со граѓаните да продолжиме да работиме за нашиот град. Триесет години се игра пинг понг со граѓаните на нашата држава. Од Куманово почнале големи општествени промени во минатото и ние таа традиција на нашите предци ќе ја задржиме и заедно со граѓаните ќе продолжиме да го градиме Куманово како поубаво место за живеење како и да ја вратиме демократијата во политичките субјекти и во државата“, рече Димитриески.
На прашањето дали во Советот на Куманово ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ со оглед дека победил и со помош на нивните гласови, Димитриески одговори дека победиле со гласовите на граѓаните на Куманово.

„Не ги делиме граѓаните на лево и десно и на која полиитчка партија, етничка или верска заедница припаѓа“, рече тој додавајќи дека е благодарен на сите политички субјекти кои отворено дале поддршка на неговиот граѓански концепт.

Во врска со прашањето дали резултатите од локалните избори ќе влијаат и на централната власт, тој рече дека тоа е прашање за премиерот Заев бидејќи тој е претседател на партијата и ја носи одговорноста со тимот околу него.

„Можам само да кажам како убеден социјалдемоктрат дека таа партија во минатото беше државотворна, но за жал поединци кои што дојдоа на истурени позиции ја доведоа до ова дереџе“, рече Димитриески. „Никогаш повеќе во државата не може да се дозволи системот и државата да оди против вољата на граѓаните и затоа сметам дека ќе бидат неоподни реформи за социјалдемократијата како идеологија да опстане на овие простори. Политичките партии треба да имаат фер плеј мегдан на кој што ќе се натпреваруваат, а граѓаните ќе се одлучат за политичкиот субјект за кој што сметаат дека треба да ја дадат поддршката“, додаде Димитриески

Неговиот противкандидат од коалицијата предводена од СДСМ, Оливер Илиевски, го оцени изборниот процес за фер и демократски.

„СДСМ и коалицијата има освоено 19.470 гласови, а независниот кандидат заедно со ВМРО ДПМНЕ и коалицијата 25.470 гласови врз основа на неофицијални податоци од сите гласачки места“, рече Илиевски.

„Сакам да им честитам на победниците и да им порачам Куманово да го управуваат добро, да прават инвестиции, а нашата програма им стои на располагање“, додаде тој.
Во врска со очекувањата во Советот, Илиевски рече дека ако Димитриески оди со коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива ќе имааат 17 советници што е мнозинство во Советот.

„Но, сепак ќе остане тие внатре да си ги договараат коалициите“, рече Илиевски.