Опожарено возилото на бившиот скопски градоначалник Шилегов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во текот на минатата ноќ, дваесетина минути по 3 часот, опожарено е возилото Ауди на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Во пожарот зафатени биле уште три возила на еден ист сопственик.

-На 09.03.2022 во 03,20 часот било пријавено дека на ул.”Петре Пирузе” во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило ауди со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила пасат, матиз и нисан со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М.(53)”, соопштија официјално од МВР.

Возилото, пред да биде опожарено го паркирала неговата сопруга Јасмина, а е регистрирано на едукативен центар Џуниор.

Се врши увид и се работи на расчистување на случајот.