Советот на амбасадори апелира до ЕУ: Кандидатски статус на Украина и деблокирање на пристапниот процес за Македонија и Албанија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Советот на амбасадори смета дека Русија веднаш треба да престане со воената агресија врз Украина, и двете страни да седнат на преговарачка маса и да најдат начин за мирно решение на конфликтот.

„Советот на амбасадори жали што руската агресија врз Украина добива такви размери во коишто, покрај одбранбени објекти и војници, најмногу страда цивилно население (повозрасни лица, жени и деца) и инфраструктурата на населените места неопходна за задоволување на минималните потреби за живот како што се резервите на животни намирници, водовод, канализации, греење и хумани транспортни коридори“, пишува во соопштението од Советот.

Советот исто така цени дека Европската Унија треба позитивно да одговори на барањето на Украина за членство во Унијата и на земјата да ѝ го олесни патот кон евроинтеграциите, давајќи и статус на земја-кандидат во најбрз можен рок.

„За реализација на предлогот ЕУ треба да делува единствено и да ја отстрани можноста една членка да блокира донесување на таква одлука.

Со зајакната кохезијата меѓу земјите членки на ЕУ, притоа имајќи ги предвид политичката, економската и особено безбедносната состојба во Европа и Светот, Европската Унија треба итно да го деблокира процесот на интеграција на Северна Македонија и Албанија и да ги отпочне преговорите за нивно членство со што ќе се затвори просторот за какви било други варијанти за иднината на регионот на Југоисточна Европа“, се додава во соопштението.