Home Актуелно Опасна ноќ во главниот град: Над 60 возачи во Скопје изминатата ноќ возеле пијани

Опасна ноќ во главниот град: Над 60 возачи во Скопје изминатата ноќ возеле пијани

Последната ноќ во главниот град баш и не била мирна.

Полицијата во Град Скопје изминатата вечер спроведе акција во која кај дури 61 возач било утврдено присуство на алкохол во крвта, а двајца возачи одбиле да прават алкотест.

Како што соопштија од полицијата сите возачи биле исклучени од собраќајот и санкционирани.

Акцијата била спроведена од 23 часот до 05 часот наутро.

Покрај тоа полицијата открила и други 118 прекршоци за кои се издадени 46 мандатни платни налози и 72 прекршочни платни налози.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…