Home Актуелно Ограбена аптека во Скопје, крадецот ѝ се заканил на вработената со нож

Ограбена аптека во Скопје, крадецот ѝ се заканил на вработената со нож

Разбојник украл 22.000 денари од аптека во Скопје, соопшти МВР.

Кражбата се случила вчера, околу 21.50 часот, во аптека на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Разбојникот ѝ се заканил на вработената со нож и украл од касата околу 22.000 денари, по што избегал.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…