Ограбен станот на Унаи Емери: Крадците имаа ИНТЕРЕСЕН плен!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Триплексот во кој живее тренерот на ПСЖ, Унари Емери во 16-от дистрикт во Париз синоќа беше мета на крадци.

Емери не бил во домот – со оглед на фактот дека неговата екипа играше натпревар од Лига купот против Стразбург, а кражбата ја пријавила неговата сопруга.

Крадците меѓу останатото имле интересен плен. Два дреса од Нејмар, 20.000 евра, два часовници „Ролекс“, две „Шанел“ торби, договорот помеѓу Емери и ПСЖ, документи на кои стојат платите од играчите на ПСЖ и нотесот со лични забелешки се работите кои се пријавени како исчезнати.

Констатирано е и тоа дека неговиот триплекс, кој се наоѓа на 7-ми спрат на зградата немал блиндирана врата, но имал видеонадзор, пренесуваат француските медиуми.