„Огнена топка“: Мистериозен дел од сателит паднал во Перу


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Мистериозната „огнена топка“ која беше забележана над Перу во саботата, бил дел од сателит кој паднал на Земјата.

Перунските воздушни сили брз го откриле изворот на пламенот, а како предмет го пронашло локалното население, близу границата со Боливија.

Граѓаните брзо ги известиле воздушните сили, кои брзо објавиле фотографии од остатоците и ги поткопаа теориите за НЛО. „Според првите резултати на анализа, ова би можело да биде резервоар за гориво на искористен сателит. Искористени сателити се оние кои престанале да работат и се нарекуваат вселенски отпад“, рекол командирот Педро Палза.

Предметот е во форма на круг и направен од некоја врста на метал. Создал ефект на огнена топка при влез атмосферата. Сепак, се уште не се знае во чија сопственост е сателитот.

„Ќе го истражиме детално овој случај, и секако ќе испратиме и тим да го истражи потеклото“, вели Плаза.

Полицијата ги предупредила и луѓето да не го допираат, бидејќи може да бил радиоактивен.