Home Спорт Официјално: Маурицио Сари е нов тренер на Јувентус!

Официјално: Маурицио Сари е нов тренер на Јувентус!

Тоа што се најавуваше изминатите денови, денес доби и официјална потврда – Маурицио Сари е нов тренер на Јувентус.

Искусниот Италијанец го раскина договорот со Челзи и потпише двегодишен договор со „старата дама“.

Сари мина една сезона на клупата на Челзи, каде заврши на 3-то место во Премиер лигата, но ја освои Лига Европа со „сините“.

Сега Сари повторно се враќа во Серија А, но на клупата на Јувентус, иако во изминатите години беше голем ривал на „бјанконерите“ како тренер на Наполи.

Задача на Сари ќе биде одбрана на Скудетото, но пред се освојување на Лигата на шампиони.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…