Одлуката е донесена – Марсијал заминува од „Олд Трафорд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Агентот на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал јавно потврди дека Французинот ова лето ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Марсијал не е задоволен од својот статус во Манчестер Јунајтед и малата минутажа која ја добива кај Жозе Мурињо, па одби да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“.

„Откако ги разгледа сите можности и сценарија Антони процени дека е најдобро да го напушти Јунајтед. Постојат многу опции пред него, па затоа е рано да се зборува за нешто конкретно“, изјави агентот Филип Ламболеј.

„Манчестер Јунајтед сакаше да го продолжи неговиот договор и желбата на клубот е да го задржи, но не успеавме да постигнеме договор за тоа во последните месеци. Веројатно тие не сакаат да го направат Марсиал важен дел од тимот, па поради тоа тој донесе таква одлука. Марсијал има догогор на уште една година, па последниот збор ќе го има Манчестер Јунајтед“, додаде агентот.

Силен интерес за Марсијал покажуваат Тотенхем, Челзи и Јувентус, а „црвените ѓаволи“ за неговата слобода бараат 50 милиони фунти.