Home Актуелно Одложено судењето за насилствата во Парламентот, нов термин 23 мај

Одложено судењето за насилствата во Парламентот, нов термин 23 мај

Се одложи судењето за насилствата во Собранието што се случија на 27 април кога беа нападнати пратеници и новинари.

Денеска на обвинителна клупа требаше да седнат деветмина осомничени, но рочиштето се одложи бидејќи еден од нив, Ангеле Зафировски не бил спроведен од домашен притвор.

Обвинителството ги товари за учество во топла. Пратениците од парламентарното мнозинство, како и дел експерти, сметаат дека делото треба да се преквалификува во потешко дело.

Пред Судот со транспаренти протестираа поддржувачи на осомничените. Судењето се одложи за на 23 мај.

За насилствата во Собранието се осомничени 30-тина лица, од кои на поголемиот дел им се изречени мерки за претпазливост, на дел куќен притвор, а двајца, односно татко и син, се во притвор за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села.

Досега во Основното јавно обвинителство искази за случувањата во Собранието дадоа повеќемина пратеници, меѓу кои и лидерот на СДСМ и нов мандатар, Зоран Заев, и потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, а вчера исказ даде и претседателот на парламентот, Талат Џафери.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…