Home Наука и техонологија Одложена промоцијата на iPhone SE2

Одложена промоцијата на iPhone SE2

Промоцијата на новиот хардвер за пролетната и летната сезона од 2020 година Apple ја имаше закажано за 31 март. Но, поради откажување на многу други настани и застојот во производството заради пандемијата на коронавирусот, Apple речиси е сигурно дека ќе го одложи ова претставување.

Извори, кои неслужбено го најавуваа овој настан, сега јавуваат дека е откажана неговата организација и тоа на засега неодредено време.

Ќе мора да се почека уште некое време за на пазарот да се појави новата генерација на евтиниот iPhone. Тој би требало да биде наречен „SE2“ или тоа ќе биде прескокнатиот iPhone 9. Од надвор со изгледот од 4,7 инчи најмногу би наликувал на моделот 8, додека во себе би носел процесот од ланскиот модел 11, А13 Бионик. Освен новиот додаток во линијата на мобилни телефони, Епл наводно кон крајот на март има намера да претстави нов поинаков iPad Pro и нов Mac Mini.

По откажувањето на настанот, кој службено не е ни најавен, Apple сега го чека уште потешка одлука- можеби ќе мора да ја откаже големата девелоперска конференција „WWDC“ која би требало да се одржи на почетокот на јуни и која традиционално би требало да собере илјадници учесници. Компанијата веројатно ќе биде присилена да ја откаже „WWDC“ конференцијата поради одлуките на локалните власти во Калифорнија кои би можеле да ги забранат сите поголеми собири.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…