Вебкафе

Одење по вода? Не бе, Кинезиве се еден век понапред и тоа ти е

Дали некогаш сте ја почувствувале моќта на „одењето по вода“? Таква можност денес имаат жителите кои живеат крај реката Хонгшуи во Кина, но и оние кои ќе ја посетат 5 километри долгата пловечка пешачка патека таму, која локалците веќе ја третираат како свеовиден туристички производ инициран од тамошните туристички работници.

Пешачката патека, лоцирана во областа Луодиан, во провинцијата Гуижоу, е фасцинантна долга пловечка конструкција која се протега на површина од 54.000 квадратни метри.

Атракцијата е составена од повеќе од 200.000 пловечки објекти, поставени врз течението на реката, и досега 60.000 туристи ја посетиле оваа атрактивна шетачка патека, откако беше отворена точно први јануари.

Долж патеката има лоцирано бројни центри за различни активности каде посетителите можат да уживаат во разни забавни дисциплини и водени спортови, вклучително и „џетпек“ кој ги лансира туристите од водата над речниот тек.

To Top