Одбиена првата јануарска понуда на Челзи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лион ја одбил понудата од 34 милиони фунти за Муса Дембеле од Челзи, потврдуи „Скај Спорт“.

Од францускиот клуб им одговориле на „сините“ категорично дека 23-годишниот напаѓач не е на продажба. Меѓутоа, Челзи не се откажува и наскоро ќе испрати нова понуда во која ќе биде вклучен и Оливие Жиру.

Лион пред 18 месеци го купи Дембеле од Селтик за 20 милиони фунти и од тогаш напаѓачот постигна 30 гола во Лига 1.

Дембеле со добрите игри го привлече вниманието уште на Манчестер Јунајтед и Арсенал, па поради тоа Челзи побрзал со понуда бидејќи сака да ја победи конкуренцијата.