Од заедничкиот прес со Заев, Хан порача: ЕУ да го испорача ветеното, вие продолжете со реформи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На заедничката прес-конференција која ја одржаа со македонскиот премиер Зоран Заев, еврокомесарот за соседска политика, Јоханес Хан, порача:

„Република Северна Македонија заслужува во октомври да добие зелено светло за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради сето она што го направи изминатите години во спроведување на реформите, со Договорот од Преспа, но и Договорот за добрососедство со Бугарија. За тоа да се реализира, потребно е и натамошно спроведување на реформите особено во делот на овозможување на владеење на правото преку усвојување на законот за јавно обвинителство и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. Притоа, сите политички чинители треба да ја имаат предвид иднината и интересите на граѓаните и државата“.

Тој жали што земјите членки се уште немаат одлучено за отворање на пристапните преговори и што тоа не го направија во јуни затоа што, како што потенцира, земјата постигна успех, испорача се што беше побарано.

„Северна Македонија работеше вредно и време е ЕУ да ги исполни своите обврски. Некогаш мора и ЕУ да испорача, а не само вашата земја. Но, затоа неопходно е да се продолжи со натамошно спроведување на реформите“, рече еврокомесарот Хан.

Мора да продолжат напорите во оваа област и да се покаже нула толеранција во борба против корупција и организираниот криминал. Земјите членки, додаде, го гледаат овој процес одблиску, но тоа што се прави е пред се за доброто на граѓаните. Владеењето на правото е потребно за тие да имаат доверба во институциите, но и земјата да биде стабилна и политички и економски.

„Стапката на невработеност се намалува и се надевам ова може да биде почуствувано од граѓаните. Ние имаме цел да создадеме економски услови кои ќе им овозможат на луѓето да останат тука, а не да имигрираат, ова е важно затоа што е нездраво за Европа како целина ако имате ситуација каде некои земји зависат од она што го праќаат нивните граѓани од странство. Сакав да се случи отворање на пристапаните преговори порано, но ете. Имаме регулативи каде ни е потребна поддршка од сите земји“ – порача Хан.