Од вторник почнува исплатата за штедачите во Еуростандард банка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во вторник, 15 септември 2020 година, ќе почне исплатата на обесштетувањето на осигурениот износ на депозитот на депонентите на Еуростандард банка АД во стечај до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари, информираат од Фондот за осигурување депозити.

Исплатата ќе се извршува преку четири деловни банки, и тоа на следниот начин:

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ почнува на буквите А, Б, В, Г и Д ќе се исплаќаат во експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје на целата територија на државата.

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ почнува на буквите Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ ќе се исплаќаат во експозитурите на НЛБ банка АД Скопје на целата територија на државата.

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ почнува на буквите М, Н, Њ, О, П и Р ќе се исплаќаат во експозитурите на Стопанска банка АД Скопје на целата територија на државата.

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ почнува на буквите С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш ќе се исплаќаат во експозитурите на Халкбанк АД Скопје на целата територија на државата.

Депонентите – самостојни вршители на дејност со личен труд, кои во Еуростандард банка АД Скопје во стечај биле регистрирани како ТП (трговци поединци) или Адвокат – име и презиме или Извршител – име и презиме или со назив на дејноста, на пример, месарница, своето обесштетување ќе го подигнат според првата буква од називот.

Тие, покрај документ за идентификација (лична карта, пасош), потребно е да приложат доказ за регистрација на стопанската дејност (тековна состојба), пренесува „Макфакс“.